Во следните денови за Битола и битолско иако без некои екстремно високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот релативно од 27 до 35, 36 степени сепак ЕКСТРЕМНА ВРЕДНОСТ ќе има УВ ИНДЕКСОТ кој ќе се искачи дури до 11 што е речиси највисока вредност и е МНОГУ ОПАСНА за кожата на човекот па следуваат три важни совети како да се заштитите токму од ова:

1: Во периодот од 10 до 18 часот да се избегнува директен претстој на силното ултра виолетово зрачење, НАЈЗАДОЛЖИТЕЛНО е ова за старите и изнемоштени лица додека младите доколку излегуваат и движат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понезат заштитна опрена односно капа и наочари за сонце.

2: Да се избегнува тешката храна исполнета со мрснотии односно храната направена на скара и сите видови на месо.

3: Да се пие повеќе течности и штѕо повеќе да се јаде зеленчук и овошје.

Времето следните денови инаку ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност додека на планинските места има услови за сосема локален и краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Од вторник ќе има нешто повеќе облаци и локална нестабилност проследена со дожд и грмежи.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here