Во горниот тек на реката Драгор, приближно на половина пат помеѓу Битола и местото каде што Драгор започнува, има село Дихово познато и подалеку од битолската околина за своите бучни и бистри пелистерски води, и покрај сè друго и за своите валавници.

Валавницата на Васе Лазарев(ич) с.Дихово

Што е валавница? (народно објаснување) 

Валавницата служи за валање клашни, тоа е платно од кое се шиеле панталони и палта. Со валањето платното се измазнува, се прави понежно, оти како што е ткаено така, не може да се носи. Мора првин да се изработи на валавицата , па тогаш да се шие.

Дихово е познато уште од најраните времиња како населба каде што се искористува водата за различни цели, особено за ткаење на понекоја волненa ткаенинa, кои се ткаеја на домашен разбој. Во едноставните валавници всушност паѓаа Драгоровите бројни водопади и млазеви од карпите на речното корито и во вителот на водата. Тука доаѓаа селанките кои носеја крпи, сукни (облека), ќебиња и покривачи (дифтици) за перење и тркалање (валање)…

Валавниците се речиси исти со оние какви што се денес, и тие се стари како што луѓето раскажуваат приближно двеста години, кога се мисли дека за прв пат почна со нивната изградба. Тие биле изградени во голема мера, а врв на нивниот број беше “за време на Турците “, кога во тој период биле дваесет и девет . Но, заедно со опаѓањето на индустријата нивниот број постепено се намалува. Така што денес постојат само девет, иако ниту една не работи постојано ( се мисли на периодот од после Првата Светска војна кога е пишуван овај материјал)

Во Дихово има две врсти на валавници и обично и двата вида се заедно, во близина на еден со друг: Секако едната е моделот на природата и постарите луѓе ги нарекуваат “вирој”, или” водени валавница, додека втората е т.н. “сува валавница”. И првиот и вториот тип е наменета за одредена улога во тркалање (валање) на ткаенината.

За да можат да работат двата типа на валаници треба падот на водата да има убава висина. Затоа, водата се спроведува што  подалеку од јазот за да ја добие потребната брзина. Обично водата паѓа од висина од околу три метри низ корито кое е поставено под агол од повеќе од шеесет степени. Коритото кое се користи е направено од шупливи или издлабени стебла од бука, но исто така може да бидат направени од штици. Ширината на жлебот е различна и се стеснува од врвот надолу: горниот дел е широк, триесет, а на дното десет сантиметри. Со таквите подобрени афинитети водениот млаз ја врши работата на двата вида на валавницата. Валавниците најчесто не работеле за големиот празник св.Никола, неделите како и во денови кога немале што и да работат.
Литературата на “Диховските валавници е напишана со српски стручни изрази и датира од 20 и 30тите години од минатиот век заедно со цртежите. Доколку сакате, за ваша стручна обработка или понатамошни истражувања, слободно контактирајте не на [email protected] и ќе Ви ги испратиме во оригинална форма.

Ако сте во можност и доколку знаете, убаво е да ни раскажите на сите нас и дали има останато една од нив…
Ве поздравуваме…
Извор Гласник на етнографски музеј во Белград