Вирот на горниот тек од Диовска река беше многу популарен меѓу помладата битолска популација кон средината на минатиот век, никогаш капењето не почнувало пред 11 часот, односно додека не угреело сонцето.

Додека водата барем колку-толку не се подзагреела. Првото влегување во планински ледената вода го запирал здивот и за многумина краткиот престој во него била мала авантура.

Набргу тука се подигна и базен во ливадите над Диово, па популарноста на диовските капалиштата ќе спласне и ќе останат резервирани само за традиционалните капачи*.

Тогаш имало непишани правила кои мораше да бидат испочитувани. Капејнците ги користеја постарите додека помладите повеќе биле како публика и влегувале единствено со нивна дозвола или откако тие ќе си заминеле…

Капејнците во Дио (Дихово) се уште една нечепната природа во нашата околина.

Доколку бидат малце преуредени и формирани капејнците долж целиот тек на Диовска река, како изворите во Вевчани, со мала симболична инвестиција, заедно со некогашните светски познати Диовски валавници ( кои исто ќе Ви ги преставиме денес) можат да бидат и туристичка атракција во овој крај со што ќе има и бенефит за сите нас.

*извадок од книгата Драгор на проф. Александар Стерјовски

еден коментар

  1. Диовските капејнци имаа(т) имиња. Првите фотографии ви се од Соп(о) изворно или Соп(от). Последната ви е од Крца.
    Имаше уште неколку кои што се наригаа (се наполнија со стени, камења и чакал/песок. Тие се: Нестор, Рашата(Рашета), Сопче(то), Френгијата и некои помали.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here