ГЛЕДАМ ТУКА, ГЛЕДАМ ТАМУ

СЀ Е ЧИСТО, СЀ Е НОВО ИЗМИСЛЕНО,

ТАМУ СТАРО ИЗМОРЕНО И ИСТРОШЕНО.

ВЕЛАТ СПОРЕДБА НЕМА

НО СЕПАК ИМА КОЛКУ ТОЛКУ, ПОМИСЛИВ.

ЕДЕН ГРАД ,ЕДЕН ЧОВЕК,

МИЛИОНИ ЉУЃЕ, ОКОЛУ ТЕБЕ, ДО ТЕБЕ И ПОКРАЈ ТЕБЕ,

НО СЕКОЈ ЗА СЕБЕ… НИКОЈ ЗА ТЕБЕ, НИТИ СО ТЕБЕ.

ГУЖВА, НЕПОЗНАТИ ЛИЦА РАЗНИ

ГОЛЕМА БУКА, А СЕПАК СЛУШАМ САМО ТИШИНА.

БЕЗБОЈНО ГИ ГЛЕДАМ СИТЕ РЕКЛАМИ И

СИЛНО ОСВЕТЛЕНИ НАТПИСИ.,

НО ЗА МЕНЕ СЕ Е ПРОЅИРНО,

МОЖАМ ДА ВИДАМ НИЗ СЀ И СЕКОГО.

НИШТО ОКО МОЕ НЕ ПРЕПОЗНАВА,

СЕ УСПЕВА ДА ПРОЈДЕ НИЗ МРЕЖАТА МОЈА.

ОСЕЌАМ ПРАЗНИНА, ПРАЗНА МРЕЖА ПРАЗНА ДУША.

КЛУПА ПРАЗНА ГЛЕДАМ, СЕДНУВАМ И ЗА МОМЕНТ

ЗАТВОРАМ ОЧИ, И СЕ ПРЕПУШТАМ НА САМИОТ СЕБЕ.

ОДЕДНАШ…ТОПЛИНА, СВЕТЛИНА И ПОЗНАТО МЕСТО

УЛИЦА ТЕСНА А ПИШУВА “ШИРОК СОКАК”…

ПОЗНАТИ ЛИЦА, ПОЗНАТ ПЛОЧНИК…

ДЛАБОКА ВОЗДИШКА, ГЛЕДАМ ДОЛУ

ТРИ КАПКИ НА СТАРАТА ПЛОЧКА.

ГЛЕДАМ ГОРЕ НЕБО ВЕДРО… ШТО СЕ СЛУЧИ?

ОДЕДНАШ СВАТИВ СОЛЗИ РАДОСНИЦИ,

НЕЗНАМ ШТО? НО ВО ТОЈ МОМЕНТ НЕШТО СЕ СЛУЧИ?

НЕШТО СЕ ИЗГУБИ ВО ТОЈ МОМЕНТ….???

ДАЛЕЧИНАТА? ИЛИ ВРЕМЕТО? НЕЗНАМ.

ШТО И ДА Е ВО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ ПОСТОИ.

ГИ ПРАВАМ И ПРВИТЕ БАВНИ НО СИГУРНИ ЧЕКОРИ.

И ОДЕДНАШ ГЛЕДАМ ПРЕД МЕНЕ СААТ КУЛА,

ПОКЛОПЕНИ СКАЗАЛКИ КАКО ЕДНА И ПОМИСЛИВ

ШТО ТРЕБА ТОА ДА ЗНАЧИ?

ДАЛИ МИ ВЕЛАТ ВРЕМЕТО МОЕ ПОМИНА?

ИЛИ ПАК ВРЕМЕТО МОЕ НЕ СЕ ВРАЌА?

ИЛИ ПАК Е ВЕКЕ ВРЕМЕ ДА СЕ ВРАТАМ?

НО ОД КАДЕ ДА СЕ ВРАТАМ КОГА СУМ ТУКА ПРЕД СААТ КУЛАТА?

ОДГОВОР НЕМАМ, НО СЕ НАДЕВАМ ОТИ ВРЕМЕ ИМАМ,

И АКО НЕ ЗНАМ ШТО ЌЕ ПРАВАМ СО НЕГО,

КАКО И ДА Е ВЕЛАТ ОТИ ВРЕМЕТО Е ИЗМИСЛЕНО, НЕ ПОСТОИ ТАКА ДА

НЕМА ШТО ДА ИЗГУБАМ.

ЧУВСТВУВАМ СЕНКА, НЕКОЈ Е ПОЗАДИ МЕНЕ.

НЕ СЕ ВРТАМ А СЛУШАМ ТИВОК РАПАВ НО СЕПАК ЈАСЕН ГЛАС МИ ВЕЛИ:

ДЕТЕ СААТОТ НЕ РАБОТИ ВЕЌЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ.

А ЗОШТО НЕ РАБОТИ? РЕКОВ СВРТУВАЈЌИ СЕ НАЗАД, НО ПОПУСТО

НЕМАШЕ НИКОЈ, СИГУРНО ТАКА МИ СЕ ЗАЧУЛО ПОМИСЛИВ.

СЕ ПОГЛЕДАВ ЗА КРАТКО ВО ПРАЗНО, ПОВРШНО И ПОЧНАВ ДА ЧЕКОРАМ

СПОРО, НО СИГУРНО НИЗ ПОЗНАТАТА УЛИЦА.

СЕ ОСЕЌАМ ВОЛШЕБНО И ПРЕД СЕБЕ ГИ ПРАТАМ СТАПКИТЕ НА ЕДНО МАЛО ДЕТЕ

КОЕ И АКО НЕ ГО ГЛЕДАМ, ГО ОСЕЌАМ ПРЕД МЕНЕ.

ОДАМ И ГЛЕДАМ НА ОКОЛУ, НЕШТО БАРАМ ВО ТОА СУМ СИГУРЕН

НО НЕЗНАМ ШТО Е ТОА И НЕ ЗНАМ ЗОШТО ГО БАРАМ?

И АКО НЕ ЗНАМ ШТО БАРАМ ЧУВСТВУВАМ ГО БАРАМ ВО ПОГРЕШНО ВРЕМЕ

НО НЕ И НА ПОГРЕШНО МЕСТО, ВО ТОА СУМ СИГУРЕН.

И ТАКА СЕУШТЕ ГИ СЛЕДАМ ЧЕКОРИТЕ НА МАЛОТО ДЕТЕ,

НЕМА ДА СЕ ИЗГУБАМ ПОМИСЛИВ, ОВА Е НЕГОВА УЛИЦА И СИГУРНО ЗНАЈ КАДЕ ОДИ.

ИМАВ СИЛНО ПРЕТЧУВСТВО ОТИ И АКО НЕ ГО ГЛЕДАМ

СЕПАК ДОБРО ГО ПОЗНАВАМ ДЕТЕТО.

ТАКА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР СТИГНУВАМ ДО ПОЗНАТ ПАРК

ПОВТОРНО НАИДУВАМ НА КЛУПА ОВАЈ ПАТ СТАРА

НО ВО ДЛАБОКА СЕНКА ПОД ЕДНА ЛИПА.

КАКО СТОГОДИШЕН СТАРЕЦ СЕ ПРЕДАВАМ НА ЗЕМЈИНАТА ТЕЖА

ЗАТВОРАМ ОЧИ И ПОВТОРНО СУМ СО НЕПОЗНАТИ ЛИЦА

ДАЛЕКУ НА КРАЈОТ ОД МОЈОТ ПОГЛЕД ПРЕПОЗНАВАМ ” ОПЕРА ХАУС”.

КАКО ОД ДАЛЕКУ СЛУШАМ ПОЗНАТ НО НЕ БАШ И ОМИЛЕН ЗВУК

СТАНУВА СЕ ПОСИЛЕН И ПОСИЛЕН.

ИСТОВРЕМЕНО НИЗ ТЕСНИОТ ОТВОР НА МОИТЕ ОЧИ ПРОЗИРА ЦРВЕНО СВЕТЛО.

ОТВОРАМ ОЧИ И ГЛЕДАМ 05:30 НА МОЈОТ БУДИЛНИК

СЕ ИСПРАВАМ СПОРО И СИ ПРОЗБОРИВ ПОЛУ ГЛАСНО:

СЕГА ЗНАМ ШТО БАРАВ, ГО БАРАВ ДЕТЕТО ШТО ГО ЗНАМ

ДЕТЕТО ШТО ГИ НАПРАВИ ПРВИТЕ ЧЕКОРИ БАШ ТАМУ НА НЕГОВАТА УЛИЦА

НА “ШИРОК СОКАК”

ЧЕКОРИТЕ ШТО НЕКОГАШ БЕА МАЛИ И БРЗИ,

А СЕГА СПОРИ И ТЕШКИ НО СЕУШТЕ НАЈОМИЛЕНИ

СЕ НАСМЕАВ ГОРЧЛИВО, ЈА ЗАНИШАВ ГЛАВАТА И ПАК

ПОЛУ ГЛАСНО ПРОЗБОРИВ: ДЕТЕТО БЕВ ЈАС, СЕ БАРАВ САМИОТ СЕБЕ.

ВО ТОЈ МОМЕНТ БУДИЛНИКОТ ПОВТОРНО ДАДЕ ЗНАК ОТИ РЕАЛНОСТА Е ПРИСУТНА

СЕ ИСПРАВИВ СПОРО И СИ ПОМИСЛИВ

СОНОТ ЗАВРШИ А СЕГА НИШТО НОВО САМО

УШТЕ ЕДЕН НЕПОЖЕЛЕН ДЕН ВО ТУЃИНА……

Николовски Гого, Канбера, Австралија

еден коментар

  1. Гого,носталгијата е најнормално чувство за некој кој е толку далеку.Да се вратиш во Битола,веројатно ќе ти биди тешко,но зошто да не си земиш дел од Битола во Канбера,некој роднина,некој школски другар,некој кој навистина е личност а би ти значело неговото присуство таму?Јас имам близок пријател во Германија и со него се договоривме да му бидам гостин таму…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here