Битолската фонтана, која со
нетрпение и голем интерес сѐ очекува од нашите граѓани, постепено го добива својот конечен изглед. Таа сега речиси целата е обложена во бело мермерно руво, а наскоро ќe биде осветлена и од нејзината утроба ќe се извишуваат млазевите вода.

-Работиме со многу, позасилено
темпо отколку обично, со цел навреме да ги завршиме нашите работи,- ни рече Живко Стрезовски, бригадир во Мермерниот комбинат од Прилеп.

-Да бидам попрецизен, верувам дека фонтаната ќe ja облепиме со мермер пред истекот на овој месец. Меѓутоа, дали Битола за денот на нејзиното ослободување ќе се здобие соуште еден прекрасен објект не зависи само од нас, туку и од битолските колеги.

Инаку, фонтаната е изработена
од прочуените мермери “сивец” и “чашка” и таа, како и палатата на културата и универзалната спортска сала, ќе преставува мошне привлечен урбанистичко-туристички објект како за домашните, така и за странските туристи.

Од архивите на Битолски весник од 70/80 г.

Изгледот на фонтаната во поново време

Изгледот на фонтаната на крајот од нејзиното постоење

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here