Во 08.58 часот, на свет дојде првото машко новороденче во Болница „Плодност“, во новата 2021 година, со родилна тежина од 3650 грама, долго 52 см. За помалку од два часа, поточно во 10.45 во болницата дојде на свет уште едно машко новороденче, со родилна тежина од 3460 грама, долго 50 см.

Дежурната екипа, во состав д-р Владимир Поповски гинеколог-акушер, д-р Марика Мишиќ Илиевска педијатар, анестезиологот Васко Димитровски, медицинските сестри Фросина Талевска, Елеонора Џарлиева Ивановска, акушерката Александра Димовска, Жанета Веселица инструментарка и лаборантот Даниел Костевски, на висина на својата работна задача во овој прв ден од 2021 година, беа дел од најубавите новогодишни мигови на радост, среќа и успеси.

Директорот на Болница „Плодност“ прим. д-р Таше Трпчевски и менаџерскиот тим на Болница „Плодност“, упатуваат честитки до родителите и семејствата на новороденчињата, со желби за добро здравје, среќа и радост, а за новороденчињата просперитетна иднина и големи животни успеси.