Дарко е дел од ⋮IWConnect веќе 5 години. Неговата позиција е Сениор QA инженер. Благодарение на неговиот труд, упорност, позитивна енергија и многу работа тој успеа да се развие како личност на персонален и професионален план и да постигне значителен успех. Во прилог тој ќе ни раскаже како успеа да стане сениор QA инженер, што точно работи секојдневно и зошто ИТ е толку интересна и просперитетна професија. Прочитајте ја неговата приказна, а доколку ве интересира повеќе на 22.04.2021 во 18 часот Дарко ќе зборува повеќе за алатките кои ги користи и како тој секогаш успева да испорача квалитетна услуга.
Кој е Дарко?
Професионално, јас сум Сениор QA инженер во ⋮IWConnect, со приближно 10 годишно работно искуство во ИТ индустријата. Јас сум зависник од информации во ИТ и секојдневно гледам да прочитам и научам што е модерно, што е барано и што ќе се бара во оваа индустрија следејќи ги најновите светски трендови пред сѐ во областа на Тестирањето, но секако посветувам доволно време и се едуцирам и во останатите сектори/технологии во ИТ индустријата.
Приватно, јас сум фамилијарен млад човек, горд сопруг и татко на две прекрасни деца. Како и секој млад човек и јас не се разликувам многу во моите желби и соништа, пред сѐ сакам да запознавам и развивам многу пријателства, да посетувам места каде што не сум бил (се надевам оваа Корона пандемија наскоро ќе заврши па ќе можеме повеќе да шетаме) и да се забавувам со мојата фамилија и пријателите.
Дали секој може да започне кариера во тестирање? Како ти одлучи да станеш QA инженер?
Како и се останато во животот, така и за да започниш кариера во ИТ индустријата или поконкретно во Тестирањето пред сѐ ни е потребна голема желба, љубов, мотивација, цел, упорност и континуиран процес на учење и надоградување. Секој човек треба да ја работи својата работа од соништата, а притоа да се чувствува среќен и исполнет. Ако имаме јасна визија за тоа што сакаме да постигниме, каде сакаме да одиме и имаме план како тоа ќе го реализираме, тогаш одговорот е ДА секој може да започни кариера.
Отсекогаш знаев дека ќе градам кариера во ИТ индустријата. Моите почетоци прво беа како PHP девелопер за подоцна да се запознаам со Тестирањето и да разберам дека тoa е областа каде јас најмногу се пронаоѓам и сакам да растам. Се разбира каде на друго место ако не во ⋮IWConnect ? Компанија која работи со Тестирање повеќе од 15 години и каде Тестирањето се одвива на еден сосема поинаков начин. Тука започнав и се вљубив во оваа професија благодарение на моите ментори и менаџери од кои имав можност да учам и да се надоградувам за што сум бескрајно благодарен. Токму поради таа пасија одлучив и да започнам да предавам курс за тестирање кој го креиравме преку нашиот ⋮IW Education Center и целото мое знаење сакав да го пренесам на секој кој има желба да започне кариера во ИТ индустријата како Тестер и да го насочам секој кој е заинтересиран за оваа област.
Зошто тестирањето е толку популарно, а едновремено и толку интересно?
Како што споменав и претходно, тестирањето во ⋮IWConnect се прави на еден поинаков начин од останатите компании. Во тестирањето има континуирано учење на нови техонолгии и алатки, мора да се следат најновите трендови да се проверува софтверот од секаков можен аспект. Сѐ со цел да се евидентираат и посочуваат грешките во системот за навремено да бидат отстранети. Се разбира Тестерите се вклучени од самиот почеток во развивањето на софтверски апликации и се во постојан контакт со сопствениците, девелоперите, скрам мастерите и сите останати профили кои се потребни за да се креира еден продукт или апликација. Сето ова допринесува нашето секојдневие да биде доста динамично, но само по себе интересно со доста предизвици кои гледаме навремено да ги решиме. На крајот Тестерот е тој кој целосно е одговорен за испорачаниот квалитет до клиентите што само по себе ја доловува одговорноста и големината на оваа професија.
Во што се разликува процесот на тестирање во ⋮IWConnect од останатите ИТ компании?
Процесот на тестирање во ⋮IWConnect се разликува во целиот пристап од самиот почеток. Односно во самата комуникација, планирањето и интегрирањето на процесот на Тестирање, кои технологии и алатки ќе се користат во процесот, за на крај да стигнеме до самиот начин на пронаоѓање на грешките со цел да испорачаме квалитетен софтвер или услуга. Секогаш во ⋮IWConnect се стремиме кога ќе најдеме грешка да ја документираме целосно, да ја образложиме и истражиме од што настанала и на што влијаела, за на крај испорачаме решение во кодот. Исто така со голема гордост можам да кажам дека нашите тестери се едуцираат константно и создаваме комплетни профили на тестери кои имаат знаење како за мануелно така и за автоматско тестирање. Секој од нив соодветно на позицијата и одговорностите мора да има одлично познавање на барем една од основните алатки за автоматско тестирање во одредени области и аспекти. Сметам дека тоа не прави подобри и поконкурентни кај нашите клиенти и конкуренција.
За крај зошто сите кои работат во делот на QA мораат да бидат дел од овој вебинар?
Ги поканувам сите кои што имаат желба, љубов и знаење во Тестирањето да дојдат на овој вебинар за да дознаат како ние во ⋮IWConnect спроведуваме еден целосен автоматизиран процес на тестирање со некои од најпознатите алатки за тестирање, а тоа e Selenium – Cucumber, притоа користиме алатка за менаџирање на тестовите, а тоа е Xray, ги интегрираме според Agile Методологија и користиме JIRA. За да ги извршиме нашите тестови и да ги собереме добиените резултати од тестирањето ќе користиме Microsoft Azure. Сите посетители ќе можат да видат со практични примери како го реализираме овој комплексен процес и ќе можат да научат нешто ново, добро да се забавуваат и да поставуваат прашања, а јас искрено се надевам дека ќе успееме да доловиме и да привлечеме уште повеќе љубители кои ќе сакаат да градат кариера во Тестирањето и ќе ни се придружат во нашето големо семејство во ⋮IWConnect.
Линк за регистрација на вебинарот: https://bit.ly/3u9H58o.