На местото каде сега се наоѓа Здравствениот Дом попознат меѓу битолчани како “Уредот” некогаш се наоѓала најубавата и најголема еврејска синагога (храм) Арагон во Битола.
Синагогата била изградена некаде кон крајот на 16ти век или 1580 г. За време на Втората светска војна од страна на бугарската војска истата беше претворена во свинска кланица а по нивното заминување од Битола беше целосно демолирана со динамит.