Почитувани љубители на ракометот и навивачи на РК Еурофарм Пелистер
Во пресрет на отпочнувањето на новата ракометна сезона (2023/24 год) дозволете да Ве известиме за деталите поврзани со билетите за натпреварите на нашите две екипи во домашното првенство, Лигата на шампиони и СЕХА лигата.
– Цена на сезонски билети за натпреварувачката 2023/24 година за сите натпревари во сите натпреварувања на нашите две екипи ќе изнесуваат:
o 6500 денари (Централни позиции јужна и северна трибина)
o 5500 денари (Странични позиции јужна и северна трибина)

Што добивате со сезонскиот билет ?

Ваше загарантирано место и присуство на сите натпревари во сите натпревари на домашен терен на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.
o На сите натпревари влегувате на посебен влез без гужви и чекање.
o Станувате дел од Клубот на лојални подржувачи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 и добивате можност за 10% попуст при купување на производи од Фан продавницата на клубот.

Добивате Плакета “Наш Лојален Подржувач“ со слика и потпис од сите играчи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.

Како до сезонски билет ?

Порталот за е-продажба на билети на РК Еурофарм Пелистер ќе биде отворен на 4.9.2023 година во 19 часот.
▪ На порталот ќе може преку реализација на електронска трансакција директно да го купите Вашиот сезонски билет или
▪ Преку апликацијата “Сезонска карта со Шпаркасе банка“ да го резервирате Вашиот билет за период од 48 часа
• Шпаркасе Банка како наш верен подржувач и спонзор оваа година ќе даде и поддршка во купувањето на сезонските билети, односно ќе овозможи сумата од 6500 и 5500 денари да се плаќа на најмногу 9 еднакви месечни рати без камата преку активирање на траен налог. За таа цел:
– После резервацијата на Вашиот билет (дефинирани ред и седиште) на е-порталот на РК Еурофарм Пелистер за купување билети, во наредните 48 часа ќе треба да отидете во експозитура на Шпаркасе Банка каде ќе треба да отворите сметка (доколку не поседувате активна во банката) и траен налог на најмногу 9 месеци.

После завршување на оваа процедура од страна на банката ќе добиете примерок од договор за активиран траен налог и со истиот потоа ќе може да ја подигнете Вашата сезонска карта од клубот. Еден корисник на сметка во Шпаркасе банка може да купи најмногу две сезонски карти.

– Во случај еден клиент да нема уплата од два последователни месеци од трансакциската сметка, билетот ќе се деактивира.

Цена на поединечните билети за натпреварувачката 2023/24 година за натпреварите во Лига на Шампиони ќе изнесува:

550 денари (Централни позиции јужна и северна трибина)

450 денари (Странични позиции јужна и северна трибина)

Цена на поединечните билети за натпреварувачката 2023/24 година за натпреварите во домашното првенство ќе изнесуваат:

Од 120 до 250 денари (Централни позиции јужна и северна трибина)

Од 100 до 180 денари (Странични позиции јужна и северна трибина)

Понеделник 4.9.2023 година

Активирање на продажба на сезонски билети (продажбата ќе трае до 9.9.2023 до 23:59 часот)

Недела 10.9.2023 година

Активирање на продажба на поединечни билети за првиот натпревар во Лигата на Шампиони со екипата на Колстад (продажбата (доколку има билети) ќе трае до 13.9.2023 до 18:30 часот).