Синоќа ма 31.08.2023 г. четврток или градска сабота, на иницијатива на Бабам Битола заедно со кафе бар Везилка беше организиран настанот ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА во делот на Безистенот просторот на кафе барот и другиот дел покрај реката Драгор со репертоарот на групата „Битолски Тамбураши”.

„Поведени од стиховите за нас на една од најубавите битолски песни на Петар Калица „Ако одам во Битола”. во спој со духот и времето од живеењето во некогашна градска Битола, после повеќе од 70-тина години одлучивме да го разбудиме битолското во нас и да започниме повторно да си ги негуваме некогашните традиционални вредности, една од нив е познатата Дембел Чаршија, по кои беше препознатлив нашиот град со намера сето тоа да продолжи и да трае понатаму како континуитет во Битола.

Настанот беше организиран со сопствени средства и можности, беа поканети сите битолчани да уживаат во убава вечер со староградска музика со битолски и македонски песни.

Резервациите беа раздадени за два дена. Се свирека и пееја песните на Ајри Демировски, Петар Калица, Пепи Бафтировски, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Валентин Соклевски, Цане Николовски и многу многу други каде се спомнуваше Битола и битолчани. На репертоарот беа и многу други македонски песни.

Повеќе од 500 гости беа дел од овај настан каде сите заедно покажавме дека мора да си го негуваме градското живеење и боемштилок по кој сме и бевме препознати надалеку на Балканот и светот.

Една тоа беше и оваа приказна за Дембелите и уживањето во благодетите кои ги нуди животот.

Познатата Дембел Чаршија беше во делот на сегашниот Основен и Апелационен суд и откаршија, но поради безбедноста на граѓаните и неможноста да се затвори пат и булевар каде сообраќајат возила од двете страни се одлучивме барем во друг дел покрај река Драгор на кратко да ги вратиме сеќавањата од убавите времиња во Битола. Им благодариме на сите за честа, Дембел Чаршија после повеќе од 70 години повторно се врати во живот.

Голема благодарност до јавните гласила и портали Апла и Читај Бе , заедно со Радио 106-ка кои ја препознаа идејата и ни ја дадоја потребната поддршка. Исто така благодарност до Битолската коњаница Галоп за помошта околу пајтонот и Меџик Лајт за магичното осветлување покрај река Драгор.

Нека ни е аирлија оваа година, да си продолжи како традиција,

Битола била и ќе биди.“