На ден само пред изборниот молк беше преставен мега проектот за решавање на загадувањето во Битола кој ќе чини неколку милиони или милијарди евра, зависи од тој што ќе ги пиши нулите. Со овај проект е планирано да се купат 20 џиновски вентилатори кои ќе бидат поставени на најразлични локации низ градот, баш таму каде мерните станици ќе покажуваат највисоко ниво на загаденост.
На толку многу скапи проекти кои ги ветивме пред битолчани со цифри со повеќе нули, греота ќе беше визуелно да не Ви преставиме и еден ваков грандиозен проект за да ја видите нашата визија за почист град и моментално визионерско решавање на проблемот со загадувањето. Овај проблем неколку децении се провлекува исто како изградбата на затворениот базен. За секои нови избори се ветуваше решение, но се ставаше под тепих поради заминување во Скопје на тие што ветуваа.
Дел од нив останаа таму, некој дури и стапија во брак со скопјанки и така ништо од ветеното. Со помош на Европската Банка за развој на подрачја кои со високо загадување од нивната кредитна линија ќе се обезбедат 20-тина високонапонски вентилатори кои за само 5 минути ќе го решаваат проблемот со загадувањето на воздухот.
Веднаш после видео презентациите кај битолчани се врати надежта и сами започнаа да ги одинсталираат апликациите за ЧИСТ ВОЗДУХ кои се на нивните мобилни телефони.
Како презентер на целиот проект беше популарниот Трпе Трпевски кој во неговите пензионерски денови секојдневно на ТВ не информира за моменталната состојба и временските услови.
– Битолчани се многу среќни бидејќи конечно некој се сети на проблемот со високото загадување. Сега немаме гајле макар да се донесат и уште двата блока од Птолемаида во Јужна Македонија или 1000 камиони со јаглен од Косово . Со ова се отвара и можноста за четирисезонски аеродром и вселенска станица бидејќи нема да имаме повеќе магла, но тоа нека остане како тајна за следните избори….ни пренесоја од централата.