Болница „Плодност“ го набави и започна да го користи апаратот Miri ® Time-Lapse Incubator со safe sense интегриран систем за следење на условите во ембриоскопот во реално време. Овој апарат деновиве пристигна во нашата болница, а со него работи ИВФ тимот на болницата, заедно со експерт од Данска. Со овој иновативен апарат ќе се добие уште поголема успешност за забременување со ИВФ постапката во Болница „Плодност“ Битола, со што уште еднаш се потврдува лидерската положба на болницата во однос на ИВФ третманите. Оваа методологија се применува во повеќе познати центри, а ние сме први и единствени во Македонија, кои го применуваме овој метод во ИВФ ембриолошката методологија. Ембриоскопот е инкубатор со вградена високо софистицирана технологија, кој со помош на специјална камера континуирано го следи оплодувањето на јајната клетка, растот и развојот на ембрионот, правејќи слики на секои 5-20 минути. 

Ембриологот добива „time lapse“ видео информација која можат и пациентите да ја видат во живо. На овој начин се прави ембрион селекција на добрите ембриони, на ембрионите со хромозомска аберација или оние кои застанале во растот. Со посебен компјутерски софтвер се издвојуваат најдобрите ембриони за ембриотрансфер, со што се зголемува процентот на успешна бременост. Со старите методи ембрионите се вадеа од инкубатор и под микроскоп, механички, се анализираше нивниот квалитет на секои 18-24 часа. Сега со оваа метода ембрионите остануваат во инкубаторот 5 дена во одлични, идеални нутрициони услови, без да се вадат, елиминирајќи го штетното влијание на надворешната средина. Првите резултати од оваа метода ги очекуваме после еден месец.

Болница Плодност

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here