На Ростушки мост и оваа година голем беше бројот на верници кои го следеа фаќањето на крстот во водите на реката Радика. Најсреќен меѓу учесниците беше Никола Аврамовски од Битола.

На фрлањето на крстот во Радика претходеше Божествената Златоустова Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во сeло Ростуше одржана од братсвото на Бигорскиот манастир, на која присуствуваа и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.
И оваа година Светиот крст во водите на река Радика го фрли Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, а во фаќањето истиот учествуваа околу 100 млади од регионот на Река, но и од други градови на Македонија и тоа Скопје, Гостивар, Тетово, Битола.
Извор Тера ТВ