Нашиот битолчанец Никола Мицевски е еден од најекспонираните македонски композитори или “Човекот Музика” како што го нарекуваат неговите колеги, официјално не “почасти” со својот прв сингл “KРУГ”, кој е фантастична најава за неговиот прв албум “NEW ERA”:

“World Fusion” музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство.

Животот е “круг”… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме!

Од срце му благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на “Круг” му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена “КРУГ” – ни посочи Никола.

Музика и аранжман – Никола Мицевски
Музичари: Никола Мицевски – клавир Зоран Костадиновски – гитара Иван Кукич – Бас Благоја Антовски – тапани Петар Христов – сопран саксафон Гудачка секција: Владимир Крстев Илија Филиповски Верица Ајтовска Дијана Мирчевска Марија Трајковска Емил Чичоновски
Режија, сценарио и камера-Даниел Јовески Снимено и продукција во студио XL Момироски Костимографија: Андреј Папаз и Даниел Јовески Улоги: Девојката: Јулијана Митревска Детето: Андреј Димовски Момчето: Михаил Талев Возрасниот: Мендо Вељановски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here