БИТОЛСКИ БОКСЕРСКИ ЛЕГЕНДИ – ЕВОКАЦИЈА ( лат. Потсетување, оживување на спомени за некого или нешто ). Своевремено Битола важеше за „ БОКСЕРСКИ ГРАД “. Во градот егзистираа два боксерски клуба: БК „ РАБОТНИК “ и БК „ КОЧО ДЕСАНО “. Финансии се помалку. Во 1975 – 1976 година градските политички структури одлучија да се фузираат двете екипи. а името на ново формираната екипа да биде БК „ ПЕЛИСТЕР “. Некои БИТОЛЧАНИ оставија длабоки траги во БИТОЛСКИОТ БОКС. Овие момчина, дел од својата младост му ја посветија на боксот и придонесоја за нив и за Битола да се зборува ширум Југославија. Тие не боксуваа за пари.
На фотографијата од лево кон десно се Илија Белџигеров – ЏИГЕРОТ ( полувелтер категорија ), Неат Демиров – ЛАЛИЧОТ ( мува категорија ), Живко Божиновски – ЖИЦО (средна категорија), Мицевски – ЉУСО ( полувелтер и велтер категорија), Димче – БИМБО ( економ ), Проф. по физичко Жан Доневски ( тренер ) и Димче Ѓорѓиевски – БАЈЧЕ ( помалиот брат на Илија лесна категорија). За жал некој од именуваните не се помеѓу нас, но за авторот на овој скромен пост и многу други БИТОЛЧАНИ, тие се живи во нивната психа…!
Стефан Чекутков