Некогашниот фудбалер на Пелистер, а сега во редовите на белградски Партизан, Гоце Христов, навистина сака да престојува во Битола. Неговите обврски кон клубот се големи, но
младиот Христов, сепак, одвреме-навреме наоѓа можност да се види со старите другари од Битола и од неговиот некогашен
клуб.

-Тие моменти, кога ќе се сретнам со луѓето кои го сакам во Битола, со пари не се плаѓаат. Тогаш сум среќен, како по добро одигран натпревар.-вели Христов (на фотосов во средина), со другарите Штерјовски, Ендековски, Стојчевски и Ѓокиќ.

Голема благодарност до Златко Ангелевски