Државното првенство на Македонија во Кикбокс кое денес одржуваше во Скопјe за битолскиот клуб КБК ЕНЕРЏИ беше уште еден голем успех кој исто како претходните само ја потврди одличната форма и професионалност помеѓу 380 други членови учесници од целата држава.

Сума сумарум на крајот после многу борби и спаринзи нашите битолчани се вратија дома со 4 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали. Ова натреварување е уште едно одлично издание на сите борци, членови на овај тим под раководство на Александар Димовски Димса.

Медалите ги освоија:

Злато

Александар Димовски KL +94kg 🥇

Марија Димовска KL -65kg 2/2 🥇 и LK +60kg 1/1 🥇

Маригона Зенуни KL -32kg 1/1 🥇

Сребро

Петар Лозановски KL -47kg 2/3 🥈

Маригона Зенуни KL -37kg 1/2 🥈

Бронза

Петар Бошески KL -47kg 1/3 🥉

Дарко Нумановиќ KL -74kg 2/4 🥉

Теодор Тасевски KL -42kg 3/5 🥉

Ален Попјаневски со една победа и Каан Теловски беа одлични со прво учество на натпревар, но за жал не успејаа да стигнат до медал. Сепак, добрите борби, нивната борбеност и пожртвуваност несомнено дека за брзо ќе ги донесат до поголем успех. Честитки за сите.