ДНО

Еве, како после сè,
без образ остана,
духот наш опиен,
вљубен во материја.

Бавно, тивко бледнеат,
сите наши сетила,
изгубени залудно,
во прелест и илузија.

Секогаш на крајот,
остануваш сам.
Глаголиш во себе,
со непознат глас.
Од каде тие мисли?
Од каде одговори?
Кој си Tи што мир ни носиш,
во немирни дни.
Двери се отворени,
гозба е приготвена.
Мнóзи бо сут звàни,
мàло же избрàних.

Бараш мир во немир,
мир во немир,
на дно.
Бараш мир во немир,
мир во немир,
на дно.
Бараш мир во немир,
мир во немир,
на дно.

Музика: Александар Гулевски
Tекст: Александар Гулевски
Студио: Црноризец Храбар, Битола, Македонија
Видео: Cottonbro Studio
Мастеринг: CloudBonce

Благодарност до: Сашо Миленковски и Атанасија Гулевска