Story from Bitola Old Bazaar
-Пазарните денови беа особено бучни,галама,исполнети со трговски надмудрувања и купувачки негодувања,трампи,држ-недај,нати-дајми итн.Секој гледаше да има бенефит и трговецот и муштеријата. Сепак, сите тие најчесто завршуваа на општо задоволство.
Како што се кажува доколку муштеријата бил заинтересиран за нешто и бил влезен внатре во дуќанот,умешноста на дуќанчијата била дали тој ќе излези празен или ќе купи нешто…
Дрвените дуќани со метални кепенци се затвораа полека,пополека поради нивната голема тежина,како што се вели за кепенци затварање маж треба. Затворањето на кепенците претставуваше момент на привршување и подготовка за утрешниот ден. И додека сите занаетчии,мајсторчина за терзиите, срмаџиите,кондураџиите,папуџиите,ѕвончарите, опинчарите, калајџиите, златарите, кујунџиите и другите заминуваа на одморат малце, низ чаршијата се ширеше звукот на чалгиите, а мирот доцна во ноќта го нарушуваа започнувајќи со нивната работа фурнаџиите, анџиите, симитџиите и бурекџиите, кои со мирисот на свежо приготвените јадења го будеа новиот ден ….