Кога чекорам по калдрмата низ чаршијата, ми шепотат спомените за моите предци, милион приказни, милион вистини. Ме носат наназад кога мојата баба плетела красни плетенки,а мојот дедо ковал железо.Ме носат тогаш во времето кога дечињата боси трчаа по неа …
Секоја калдрма е приказна сама за себе, секоја знае како мириса лебот штотуку испечен, како се ронеше сламата, плетејќи ги крошните…

Секоја калдрма го памети тропотот на потковиците од пајтоните. Ги памети невестите како ги ќитеа и како со баш тие пајтони ги возеја … по калдрма

Тука на неја, својата младост ќе ја запишам,за на старост,таа мене да ме потсеќа …

Калдрма…

Фото Димитар Чунговски Чунга