По 63ти пат одиме на ново вело протестно возење за побезбеден и поодржлив град!

Пред нас е европската недела на мобилност кога градовите се фалат и се горди на своите решенија за унапредување на мобилноста на своите граѓани.
Дали може да кажеме дека Битола направила некаков исчекор напред во поглед поттикнување на граѓаните да пешачат, да возат точак или да користат јавен превоз, т.е. да користат повеќе алтернативни начини на движење низ град на сметка на помала употреба на колите на кратки растојанија? За жал не.
.
Како граѓани сакаме да ја видиме Битола растеретена од коли и намален сообраќаен метеж во градското јадро, намален удел на транспортот во загадувањето, граѓани со подобрени здравствени навики и др.
.
Битола си ја сакаме да си ја дегустираме пополека пешки и наТочак, притоа безбедно, без да се пазиме да бидеме прегазени од илјадниците возила кои имаат непречен пристап и до најтесните сокаци на градското јадро.
.
Доколку сте од оние граѓани кои се движите пешки или наТочак, притоа со немир да не налета некој на вас заобиколувајќи ги паркираните коли на тротоарот или од оние кои бркаат сенка во урбаното зеленило на градов, а притоа немаат засадено ниедно дрвце, или пак да не помине некој шлепер и да ве оддува од коловозот, или пак сте со одредена попреченост и морате во слалом на тротоар, или родител со дете кој мора пеш по коловоз оти нели „нема место“ за некој да паркира и по 2-3 коли муфте частење јавен простор од градот, тогаш не е време за коментирање пред телевизор или пишење на Фејсбук. Време е за на улица!
.
Немаме време цел живот да чекаме надмудрувања за буџети, тендери, проекти, коалиции и опозиции за вака значајни проекти од јавен интерес. Очекуваме инвестиции во град за граѓани, а не само замена на еден слој асфалт со нов. Очекуваме слободни јавни простори кои поттикнуваат социјални интеракции. Време е за на улица!

Сабота, 18.30 ч.

Битола на точак