Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на конзулите и Тера ТВ и денес заеднички Ви ја преставуваме Битола во минатото низ старите фотографии и разгледници кои како спомен за неа ни имаат останато. На следната фотографија е реката Драгор и познатата Дембел чаршија која беше лоцирана откаршија денешниот Основен и Апелационен суд во Битола. Тука најчест пијалок бил кафето со локум и чаша вода , се пиело и чај, се играла табла, гостите во друштво се излежувале по цел ден и уживале во свежината на реката заради што ги викаа “дембели”. Па така и чаршијата го добила своето име кое и ден денес е сеуште опевано во песните за Битола.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here