Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и фотографиите од Битола во минатото. На фотографијата е поимотно битолско семејство, фотографирано на непозната локацијљ во Битола кое е дотерано според тогашната модерна европска мода. Најновите модели по терк на Ала-Франга фустани и костими се носеле дури од далечните Париз, Виена или Солун за поимотните битолчани и битолчанки овековечени за сите времиња како на оваа стара фотографија.