Тамара Гугучевска е наша млада битолчанка на која љубовта кон височините и истрајноста ѝ го остварува сонот кој долги години го сонува. После дипломирањето на правниот факултет/ Односи со јавност во 2018 г, одлучува да не се запише на мастер студии и да се вработи во Скопје. Но после шест месеци се враќа во нејзиниот роден град Битола каде продолжува со обичното, празно секојдневие кое секој млад битолчанец го доживува:
“Го живеев она секојдневие кое многу од нас младите го живееме. Искрено немав цел во денот, а како и секој млад имам многу енергија… Имав неколку неуспешни обиди за во теретана, работа, талкање низ себе со многу идеи, малку акција и онаа модерна депресија која сите ние младите ја искусивме.
Ќе звучи клише ама идејата да аплицирам за позиција ,,стјуардеса” ја носев во себе одамна. Ја добив на првиот лет кога бев навистина мала.
Оваа идеја ја зацврстив на моето патување во Австралија бидејки роднините каде што престојував се дел од светот на авијацијата. Па нивното секојдневие стана и мое…
Имав еден неуспешен обид за друга компанија, но следниот месец веќе бев примена во ,,Саудија Аирлајнс”.
Не сакам да звучам занесена бидејки само што дипломирав и сеуште го немам искусено ни првиот лет да бидам на должност. На сите летови до сега сум гостин. 🙂
Сега живеам во Саудиска Арабија, во градот Џеда кој излегува на море и е на 40км од Мека. Културата е различна во секоја смисла од нашата…
Престојувам во огромен компаунд во центарот кој е во сопственост на Саудија Аирлајнс и е заграден со високи ѕидови и рампи, излезот е ограничен до 1 вечер, задолжително облекуваме абаја а на некои места и тарха (шамија преку главата). Во оваа држава алкохолот е забранет, облека купуваме од око бидејки нема соблекувална нигде (се си љуфнав) 🙂 Плажите се приватни и се плаќа влез. Повеќето јавни институции имаат различен влез за мажи и за жени. Во компаундот имаме игралишта, теретана, неколку базени, огромен парк, неколку маркети, ресторани… Имаме секојдневен организиран превоз до различни дестинации од градот.
Светот е ист! Ретки се местата кои се разликуваат од вообичаеното. Брзо ги прифатив новите промени. По природа не сум носталгична но балканот го носам во мене 🙂
Имав 2 месеци обука со многу тестови и пракса. Од досега наученото сфатив дека после пилотот стјуардесата е лидер во авионот. Сервисот не е приоритет колку што е битна безбедноста во авионот. Завршив обука за Airbus A320/321 и Boeing 777 за кои другпат ќе Ви раскажам.
Во блиска иднина ќе се вратам во Битола. Едвај чекам да му честитам лично на мојот најдобар другар Дамјан за отворањето на двата нови апартмани кои се во склоп на ,,Somnia” и го носат моето име (малку извртено) ,,Tamaris”.”- ни ја раскажа целосно Тамара нејзината нова приказна…
Од нас да и честитаме за нејзиниот успех и да ѝ посакаме многу сигурни и убави летови таму горе, во облаците…
Браво Тамара👏👏👏