До Општина Битола, Градоначалник, Секретар и Претседател на Совет

ПРЕДЛОГ

Во пишаните податоци од 17-ти век се спомнува присуството на кула во Битола, додека според историските прибелешки кои денес постојат запишано е дека објектот Саат-кула е градена во исто време како и црквата св:Димитрија 1830 г.. Со подарокот од 1936 г. како репарација за нанесената штета во првата светска војна Р. Германија на Битола им подари сатен механизам од германската фирма Конфаге кој во неговиот комплет има и музички механизам. Како прва песна која одекна и ја ,,запеа” градскиот часовник е песната ,,Билјана платно белеше”.
Денес на секој три часа и тоа во 00.00, 03.00, 06.00, 09.00 ч. па 12.00 ч. итн одекнува нашата химна, музиката на песната ,,Битола мој роден крај” од Ајри Демировски. Оттука доаѓа и мојата предлог иницијатива која ја доставувам денес до вас бидејки сега имаме модерен сатен механизам кој лесно може да се подеси ПРЕДЛАГАМ уште две песни да бидат дел од нашето секојдневие кое ќе ни го отпејуваат милозвучните ѕвона на градскиот часовник и тоа:

1. Дел од песната на авторот Петар Калица ,,Ако одам во Битола”.

2. Дел од песната на авторот Кочо Стојановски ,,Ајде да одиме во Битола”.

Однапред Ви благодарам.
www.babambitola.mk
…..

25.08.2023 г.