Ако си асли, битолчанка,
А, си …ја знајш –
И да ми речиш вака – така,
само ќе се лажиме,
по тавани ќе се шетаме…
Оти нема во градо, кој не ја знај…
-на Јонче Долгио, бакалџијата –
сна за брат..
Остај то, туку – од ум не мо’м да ја извам..
Кутра Нада , кутра Нада –
шо Нада беше..на шо тереџе дојде..
Низ Широк Сокак ко ќе поминеше
старо – младо, по неа се вртеше..
А, та – туп, туп, со тој топуко, од Солун
паларијата клаена – спие..
свилени чорапи,
костум – рибина коска, по најнова мода –
од Тетекс, се знај…
О – по – по ..
од градска – поградска, да не мо’ј да биди..
И уште, ко ќе ја изваеше табаќерата –
пусти битолчанки – очи, истерваја…
И ај за тутуно – ќе куртулеше
ама оти таков маж – тертипчија, намузлија
погоди палената… едни устии – пештери..
Па шо сторија муабети вадење –
море за, со овај – море за, со онај..
А та глата крената..пауница..
Фрц – прц, прчла, невидена…
Оти си знаеше, на малото прсте,
не можеа да му се фатат..
Дали за сукано, дали за штиркано,
Дали за брано, дали за погодено..
Ех, вара – тера, кутра Нада
– години од тогај поминаја…
Велат – ба’ги време, занаето на мажот је,
ко понапред, не фрлал..
Куќата, некој вевчанци му ја зеле..
И ај на сето, капак..
– и, детето – едно, шо си го имаја –
до срце ги изгоре..
А то едно препсано, едно чакаал, остај се..
И то – куферите в раце, пато под нозе..
„Не е мајко Битола, поќе, то шо беше„
– му рекло, на заминвање..
Збора Нада, на Благоец, за здравје, раздава –
толкај, ги рони..кожа и коски, лиот, сторена…
-да не мој’ш да ја познајш..
Душа ме боли, а со умо си велам
Ах, мори златнаа..
Знајме шо поминавме,
шо ќе дочекаме..само еден Госпо –
во раката, да нѐ има…НЕКА Е , ТО ШО БЕШЕ ..❤
Катерина Солаковска