На синоќешниот ракометен натпревар во Битола помеѓу екипите на Фуксе од Берлин како гости и Еурофарм Пелистер како домаќин прилепчанец кој работи и живее во Германија на „Чкембарската трибина“ ја запроси неговата девојка од Ријека, Хрватска и денес заедно со друштвото и екипата си заминаа за Германија.

Душко Алексоски е прилепчанецот кој четири години учеше средно училиште Ѓорги Наумов во Битола од каде ја доби љубовта и страста кон навивањето за Пелистер за кој уште пред 15 години го има и нашиот чкембарски зелено бел шал. За остварување на неговата желба му помогнаа и самите навивачи Чкембари кои на обезбедувањето кое беше задолжено за преглед на сите кои влегуваат им беше предочено дека Душко крие кутивче со прстен во еден од џеповите, и бидејќи ќе влегуваат заедно со неговата сакана истиот треба да се пропушти за да не се расипи изненадувањето.

Со среќа нека им е, да се ќердосат, поздрав до младите лудо заљубени, поздрав до Чкембарите и тие кои ни ја испратија сликата, еден е Манаки, еден е Пелистер, едни се Чкембари, една е Бабам Битола.

…и Прилеп е еден де.