Утре на ден 25.08.2024 (недела) со почеток во 9 часот на Олимпискиот базен Император во Битола ќе се одржи манифестацијата Император куп 2024 во организација на Спортското пливачко друштво “Олимпик” од Битола и неуморниот битолски спортски работник Кире Марков.

Учество ќе земат повеќе пливачки клубови од Македонија, како и од соседна Србија, Бугарија и Косово.

Влез слободен.