Нашите млади борци Лео Наумов и Димитар Димевски за првпат настапија на меѓународен натпревар во категоријата киклајт – почетници (beginners) и имаа одлични настапи кои ветуваат голема иднина!

Маригона Зенуни беше вистинска ѕвезда на турнирот! Со две убедливи победи ја освои титулата и се закити со злато на Сараево Опен – Европски Куп!

Дарко Нумановиќ со инспиративен настап – најпрво ја победи најголемата пречка, себе си, па потоа и противникот во четвртфиналето! Во полуфиналето се соочи со поискусен натпреварувач, каде несреќно беше поразен, но се врати дома со заслужен бронзен медал!

Честитки за сите наши борци – горди сме на вас! Задоволство е да се работи со вакви талентирани и посветени деца!..гордо напиша нивниот тренер Александар Димовски.