Вечерва по повод одбележувањето на 33 годишнината од независноста на Република Македонија, НУ Камерен Оркестар на Битола во Виена ќе се претстави со проектот „Македонски евергрини и повеќе“, на кој ќе настапат добропознатата Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар позната на публиката по нејзините енергични настапи, и незаменливиот Ристо Самарџиев, под диригентска палка на Владимир Димовски. Концертот ќе се одржи на 09 септември 2024 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црквата Св. Ана, ул. Annagasse 3B,1010, Виена, Австрија.

Од НУ Камерен Оркестар на Битола изразуваат благодарност до Министерството за култура и Австриска амбасада за можноста за овој настан.