Во првото полугодие од годинава, 3.768 новооторени фирми морале да си ја почнат својата бизнис приказна со отворање сметка во банка. Нивниот најчест извор, според податоците на БизнисМрежа.мк била НЛБ Банка, таму отвориле сметка 891 фирма. Веднаш зад неа била Халк Банка, која станала избор на 809 фирми. Една година порано пак, Халк банка беше најчестиот избор на новоотворените комапнии, додека во 2020 година тоа беше НЛБ банка. Од овие податоци може да се заклучи дека трендот на новоотворните комании е најмногу сметки да отвораат во НЛБ и во Халкбанка. Во првото полугодие од годинава коај овие две банки заедно, отворени се 45 отсто од сметките на новоформираните компании.

Најмалку сметки пак, годинава, за 6 месеци се отвориле во Капитал банка – само 8.

Бројките за нови депоненти откриваат многу. Тие го откриваат нивото на конкурентност на банката, односно нивото на банкарските услуги и услови. А, со оглед на тоа што нашиот банкарски систем е претежно во странска сопственост, обично странските инвеститори, доколку има банка од нивната земја, својата сметка и банкарското работење и го доверуваат нејзе.

Во Битола се отвориле 203 компании, а најголем дел од нив – 45, сметка отвориле во НЛБ банка. Потоа, изборот на битолски компании, била Комерцијална банка со 31 новоотворена сметка, а зад неа е Стопанска банка – Скопје со 30 отворени сметки на новоотборените битолски фирми за 6 месеци.


Повеќе од анализата кај нашите соработници Пари.мк ТУКА