Денеска во малата сала на Центарот за култура Битола се одржа прес-конференција на која учествуваа ВД Директорот Влатко Илиевски и диригентот Владимир Димовски. Тие ги претставија деталите за претстојниот концерт „Засекогаш во срцата“, кој ќе се одржи на 22 март 2025 (сабота) во 19:00 часот во Големата сала.
„Засекогаш во срцата“ е концерт посветен на нашата најголема поп-икона, чиј живот за жал прерано заврши. Во претходните години концертот го посветувавме и на други ѕвезди како Пепи Бафтировски, Драган Каранфиловски Бојс, Аки Ракимовски, но оваа година тој е посветен исклучиво на Тоше.“
Настапуваат:
✨ Ѓоко Танески
✨ Наде Талевска
✨ Димитар Андоновски
✨ Ана Петановска
✨ Горан Наумовски
✨ Бојан Стојков
✨ Мина Блажев
✨ Јасна Димитровска
✨ Марија Митровска
✨ Ангела Илиевска
✨ Хоровите „Битвокс“ и „Тин Попрокет“
💖 За првпат оваа година, ќе биде изведена песната „За овој свет“ со деца од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ и Центарот „Порака“, кои ќе ја изведат со знаковен јазик.
ВД Директорот Влатко Илиевски ја претстави и годишната програма за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам на РСМ. Програмата вклучува:
🔴од областа на драмската дејност:
26-ти Интернационален фестивал на монодрама Битола
Гостување на НУ Македонски народен театар – Скопје со претставата „Иванов”, автор А.П. Чехов, режија Зоја
Бузалковска
🔴од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка
на опрема:
Замена на кино-платно во голема сала
🔴од областа на музичката и музичко-сценската дејност:
„Патување низ ехото на претците”
Концерт на Филхармонија на РС Македонија со диригент/солист Анна Кондратенко
„Засекогаш во срцата 2025″
17-ти Фестивал на музика од светот-Битола 2025 „Festival of World Music-Bitola 2025″
🔴од областа на фолклорна дејност:
55-ти Републички фестивал на народни песни и игри
„Илинденски денови” Битола 2025
„Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени”
„17-ти по ред Семинар за традиционална музика и игра”
Материјални трошоци за работа на установата
🔴 од областа на визуелната уметност, архитектурата и дизајнот:
Единаестта по ред Детска ликовна работилница „Народната култура трајна инспирација во моето
творештво” 2025
КУЛТУРЕН МОД-МОЈОТ МОДЕН ОТИСОК
50-та ДРЖАВНА ИЗЛОЖБА НА ДЕТСКИ ЛИКОВНИ
ТВОРБИ НА ТЕМА „НАРОДНАТА КУЛТУРА КАКО Трајна ИНСПИРАЦИЈА ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО” БИТОЛА -2025
Фото конкурс и изложба на уметничка фотографија
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ 1973-1983 „Фото споменар од Атанас Нашоку-Саку”
ИЗЛОЖБА „Магма” Групна изложба
УРБАНИ АПСТРАКЦИИ”
„40 години ЧОКАНЧЕ”
Фото споменар-Војводите од „Комитското”
Битола останува центар на културните случувања! Ви благодариме за поддршката и ве очекуваме на настаните! 💙