Во битолскиот дел на Пелагонија, битката за навремено и квалитетно собирање на секое зрно од лебното жито заврши пред Илинден. Жетвените биланси се познати. Близу 25-те илјади хектари жетвена површина со пченица и јачмен, добро родија и
годинашнава жетва ќе биде регистрирана во редот на побериќетните жетви во оваа средина на житото. Овде по
завршувањето на жетвата и откупот на пченицата, тема на
Денот на жетварите додека се чекаат денарите на откупните станици се прашањата: кои
земјоделци летово собраа најмногу жито, кoja сорта пченица и јачмен колку родија и кој колку ќе сее во престојнава сеидба.

Инаку, на прашањето кој
земјоделец годинава го води
орото на најголемите производители на пченица во битолско, одговорот одамна е познат. Земјоделската задруга
“Кооперанти”-Битола уште на
Петровден ја обелодени веста
дека тоа е Трајан Јунтовски,
земјоделец од село Карамани. Тој на нашата држава преку честитка од претседателот оваа задружна организација летово и испорача над 300.000 килограми пченица или народски кажано една композиција од триесет вагони жито. Овој млад и вреден земјоделец и секретар на Здружението на приватните земјоделци од битолско заедно со уште повредните синови Владо и Пеце, годинава пченицата ја одгледуваше на околу 70 хектари своја и закупена земјоделска површина.

На нив, со примена на современата агротехника и навремена нега на посевите, Трајан со двата сина оствари просечни приноси од 4.500 кг-ха. Ако во мај имаше само еден дожд, велат Јунтовци, приносите ќе беа потешки за 1.000 кгр. од хектар. По завршувањето на жетвата, вниманието на оваа напредна караманска земјоделска фамилија која во својот двор има пет комбајни, пет трактори со сета приклучна механизација, му е свртено кон новата сеидба на житото. Велат дека на есен очекуваат пченицата да ја посејат на околу 100 хектари обработлива површина. При посетата на претседателот Киро Глигоров на десетина битолски села не изостана и неговата средба со овој напреден земјоделец. Посакувајќи му подобар успех во новата есенска сеидба, претседателот Глигоров ги повика нашите земјоделци да го
следат Трајановиот житен рекорд. Со илјада вакви приватни земјоделци, рече при тоа Тој, Македонија ќе има доволно лебод своите ораници.

Весник Нова Зора 1994г.