Нашиот битолски мотокросист Кристијан Илиевски Кико на државниот шампионат кој се одржа викендот на патеките кај Смолево, Битола освои уште една титула државен шампион на Македонија во класата МХ1, 450 цц.
Најпрво, големо благодарам на мојата битолска публика која како и секогаш е во голем број и дава поддршка за мотокросот. Освоена уште една титула Државен Шампион на Македонија.
Благодарност до мојот клуб, моите спонзори до сите мои фанови и моето семејство…ни напиша Кико.