Денот на шегата во нашиот ресурсен центар беше исполнет со радост, смеа и незаборавни моменти. Учениците и вработените уживаа во празничната атмосфера, облечени во креативни и забавни маски, носејќи насмевки што ја разубавија целата средина. Секој агол од центарот беше исполнет со весела енергија, шеги и заедничка забава.

Најубавиот дел од денот беа детските насмевки и искрената радост што ја споделивме сите заедно. Овој ден ни покажа колку е важно да негуваме моменти на среќа, спонтаност и дружење. За нас, најголемиот дар е да видиме блескави очиња, радосни лица и да слушнеме звонлива детска смеа – токму тоа ни го подари овој прекрасен ден.

ОУРЦ Кочо Рацин Битола