На детските ликовни работилници насловени •Народната култура наша трајна инспирација• во организација на Центарот за култура како предпрограмски активности на фестивалот Илинденски денови, заедоа учество над 60 деца од девет општински основни училишта со 19 ментори.

Работилниците траеа четири дена и на истите како предавачи работеа: Кирил Петровски и гостинката од Јапонија Chie Nagashima со техника оригами, Анкица Стевановска со техника мозаик од природни материјали, Весна Дунимагловска со техника фото колаж од разни материјали преку која учесниците направија спој од минатото и сегашноста користејќи стари фотографии од архивата на Манаки и свои лични семејни фотографии.

Ова се фотографии од последната работилница која се одржа вчера.

Еве ја листата на училишта и ментори на кои сме бескрајно благодарни:

ООУ Коле Канински
Ментори Лидија Павловска и Оливера Михајовска

ООУ Ѓорги Сугарев
ментори Наташа Тодоровска и Горица Фердинанди

ООУ Даме Груев
ментори Снежана Илиевска и Наташа Настевска

ООУ Стив Наумов
ментори Александра Илиевска и Даниела Јовановска

ООУ Тодор Ангелевски
Ментори Јасмина Ортаковска, Мирјана Тасевска и Билјана Јанеска

ООУ Кирил и Методиј
ментор Весна Јанкулоска

ООУ Елпида Караманди
Ментор Фанче Јошевска

ООУ Климент Охридски ментори Гордана Анастасова, Даниела Петковска, Венета Јоновска и Снежана Стојанова

ООУ Славко Лумбарковски општина Новаци
ментори Валентина Јовановска и Елена Тошевска

▪️ Координатор на учесници Вера Соклевска ООУ Славко Лумбарковски – Новаци