Денес, по повод празникот Рамазан Бајрам, Муфтиството на Исламската верска заедница во Битола организираше традиционална поделба на баклава за сите граѓани во Старата битолска чаршија.

Овој настан ги обедини битолчани од различни вероисповеди, при што случајните минувачи имаа можност да се почестат со вкусна баклава и на тој начин да го започнат денот со празничен дух..

Традицијата на делење баклава во Старата битолска чаршија започна во 2016 година и оттогаш се одржува секоја година, со цел да се промовира заедништвото и мултикултурната хармонија во градот.

Фото Агим Џело