Пајтонот на Манди Робев, последниот приватен пајтон кој згасна во 70тите денес повторно беше присутен на битолските улици. Со истиот пајтон од времето на големиот султан Решад 5-ти кој е овековечен со камерата на Манаки, денес после повеќе од 100 години битолчани ја почуствуваа носталгијата која ни недостига на градот од времето кога Битола беше градска и со пајтоните и боемите надалеку опеана.

Затоа Ви благодариме на сите кои го испочитувавте редот и како големи галантони преубаво заеднички си го поминавме денот. Штета што немавме уште 3,4 пајтони за цел град да го доживее ова денес што го поминавме ние. Голема благодарност до IWConnect кои без еден збор ја препознаа убавата идеја и ни ја дадоја потребната поддршка. До следна прилика Ве поздравуваме, ќе имаме уште други случувања и изненадувања. За Битола и битолчани, од срце.

Учениците Ангел Велјановски, Стефани Простиженовска и Емилија Трампевска, трета година графички техничари во СОУ Таки Даскало заедно со нивната учителка Весна Мундишевска- Велјановска беа креаторите на нашите маички кои беа наш заштитен знак на настанот „Ако одам во Битола, ќе се возам со три пајтона”, текст за кој имавме одобрение од авторот Петар Георгиевски – Калица. Голема благодарност до сите нив и вас за поддршката и негувањето на некогашните градски традиции. Посебна благодарност до Буба М. Солак.