Со хитовите на Петар Калица, Ајри Демировски, Пепи Бафтировски, Јонче Христовски, Виолета Томовска и други над 500 посетители сабота вечерта уживаа во староградска и македонсма музика со амбиентот на надалеку познатата Дембел Чаршија, украсена како некогаш со карирани црвено бели чаршавчиња, пајтон.

Повеќето посетители беа облечени како во тој препознатлив староградски стил надополнети со младите учесници од КУД Илинден Битола, со шапка, паларија, тантели, бисери, враќајќи се назад низ времето кога на двете страни покрај река Драгор некогаш битолчани ја имаа една од најпрепознатливите чаршии која ја нема ниту еден друг град во светот.

Битолчани уште еднаш ни покажаа дека некогашната традиција можи само да тлее и не може да угасне никогаш. Да не можи да се заборави бидејќи баш и по неа сме препознатливи како такви, дембели, кои го сакаат животот, песната и забавата.

Настанот е втор по ред и за првпат е дел од БитФест на Општина Битола, со самофинансирање и помогнат од Златен Даб, Бимилк, ИВЦ Конект, КУД Илинден, Лексика, ЈП Паркинзи, Гуска Лајт, Мерве, Шлеп Стеф, Ресторан Лукс Лоунџ, кафе бар Везилка, ресторан Бриони, Рудо Јагне и Хотел Гранд Централ,  Графопром, Грин Гарден Центар. Изведувачи Група Серенада од Битола. Дизајн на лого и постер Ана Караманди. Фото Ивона Кочов. Голема благодарност до сите.