Македонија со 20 натпреварувачи учествува на 29. Унгарски Светскиот куп во кик бокс во Унгарија кој од 14 до 16 јуни се одржува во Будимпешта.
Битолчанецот Александар Димовски Димсата после три годишна пауза од светските натпреварувања успеа да се воздигни и да стигне до за него „златната“ бронза, за која во класата ветерани изгуби во полуфинале во многу тесна борба со минимална разлика од хрватскиот натреварувач Ивица Ивич.

Неговата гордост и наследничка во кик бокс натпреварите, ќерката
Марија Димивска во текот на вчерашниот ден имаше полуфинална борба со претставничка од Грција која ја доби со 3:0. Денеска во финале се натпреваруваше исто со гркинка која ја доби уште поубедливо и тоа со огромна разлика кај сите судии.

Екипата на КБК Енерџи од Битола заедно со тренерот Александар Димовски се презадоволни од моменталниот резултат во такмичењето во Кикбокс и Маитаи. Македонската федерацијата е присутна во Будимпешта со 20 борци од различни клубови и во очекување се на уште едно злато од натпреварувачот Силвио Мировски за кое им држиме среќа директно од нивниот роден град.