Со наслов „Болницата „ПЛОДНОСТ не е КОПАНКИ“ прим. д-р Таше Трпчевски одлучи да го крени неговиот глас како што вели за опструкциите кои ги има од страна на Градоначалничката Наташа Петровска која што спречува да се инвестира во проект за болницата вреден 3 милиони евра, за кој веќе е подигнат банкарски кредит и затоа во понеделник на 26 04.2021 г. во 10 ч. јавно повикува на прес конференција за заинтересирани медиуми и новинари пред Болницата Плодност.

„Докторе, вие и вашата институција им го осветливте и олеснивте патот на многу семејства и ја заслужувате целата наша поддршка.
За жал, политиката е грозна работа, знаеме дека за вас ова не е прв пат да ви се застане на патот заради политички причини. Но знаеме и дека вие и вашиот тим сте големи борци и и овој пат ќе ја достигнете целта и понатаму ќе ни пружате соодветна грижа за нашето здравје“

„Подршка за др. Таше, најдобри сте секоја чест!!!
Ние стоиме позади Вас.“

„Поддршка за Плодност! Вие сте единствената здравствена институција во нашиов град што вреди. Не постои човек во Битола и пошироко кој не ги почувствувал бенефитите од Плодност!…“ се неколку од коментарите од задоволните клиенти објавени на нивната фејсбук страница БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ.

Наместо да има стимулација за битолскиот БРЕНД бр. 1 тие добиваат опструкција!

Поддршка за Плодност