Здружението Златно Перо кое се занимава со издаваштво на книги за деца и млади како и организација на работилници за личен раст и развој ја поддржа дигиталната едукативна кампања на Нула Отпад – лиценциран колективен постапувач за заштита на животната средина од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад. Во услови на пандемија со Корона вирусот, Нула Отпад својата едукативна мисија ја продолжи преку дигитална едукативна кампања “Безбедни во изолација со супер еко едукација”.
Првиот предизвик помина со голем интерес и успех, внесе позитивни вредности во ова тешко време и даде значаен придонес во подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на е-отпад и отпадните батерии. Заради големиот интерес и за жал сеуште активната карантинска вонредна состојба, Нула Отпад одлучи да продолжи со својата дигитална едукативна кампања со втор еко истражувачки предизвик.Овој пат во соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Делегација на Европска Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.Продолжуваме уште побројни, покреативни и погласни.
ТЕМА:
Батериите опасност или можност?Со еко истражување до еко решение!
Децата на училишна возраст (1-9 одделение) ги предизвикуваме да бидат еко истражувачи во дадената тема, да следат конкретни насоки за истражување со цел да дојдат до најдобро еко решение. Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за еко истражувачкиот предизвик на следниот e-mail: [email protected], Нула Отпад, најдоброто еко решение и видео според оценувањето на стручното жири ќе го награди со главна награда електричен тротинет. Сите останати учесници ќе добијат ЕКО ДИПЛОМИ за значаен придонес во заштита на животната средина од опасниот отпад. Златно Перо ја поддржува иницијативата за еколошка едукација на најмладите и најдобрите 10 видеа ќе ги награди со едно детско издание од нивната издавачка куќа. Рок за испраќање на видеата 15.07.2020 год.
Прогласување и објава на најдоброто видео со најдобро еко решение и најдобра еко порака ќе се случи на ден 20.07.2020 година од страна на стручно жири од Нула Отпад и соработниците на кампањата. Се надеваме и на Ваша поддршка и споделување на еко истражувачкиот предизвик, да допреме до сите деца, родители и наставници да земат учество и убавите пораки од децата за новата планета и новото време да стигнат до сите и да внесат позитивна енергија во овие тешки денови. Повеќе информации за еко истражувачкиот предизвик погледнете на следниве линкови:
https://bit.ly/2AloT5n