ЖФК АТЛЕТИКО – КАДЕТКИ – ШАМПИОНКИ на МАКЕДОНИЈА 🏆🥇🇲🇰

– Сонувавме за ова

– Верувавме во нас

– Работевме напорно

– И го сторивме тоа

– Ние сме Шампиони

“Капа ви симнувам за цела сезона како се боревте за овај преголем успех Принцези Мои.
Од свој џеб пари, буџет 0 мкд , без никаква помош од некој спонзор, без лижење и упиквање кон некој или кон општината, се на свој грб, го носев овај товар бидејќи кога ќе постигниш некој успех со многу мака, сам без никаква помош, неможи да се опиши каква е Радоста, Среќата, Емоцијата да станиш Шампион на својата Татковина Македонија.
Во новата сезона да бидеме и со Младинки и со Сениорки Шампиони со верба во нас и во Бог.
Секогаш со свој Став и Карактер таков и ќе останам.
За неколку дена ќе ги видите моите поклони и изненадувањата за моите Шампионки 💙💙💙

🇲🇰⚽️1️⃣💪🙏🏆🥇”- напиша на фејсбук нивниот неуморен тренер, Никола Гелевски Бел

1. Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за прекин на сите првенствени и куп натпревари во категоријата женски фудбал за сезона 2019-2020

2. Се прекинува првенството во сите првенствени и куп натпревари во категоријата женски фудбал за сезона 2019-2020 и се замрзнуваат табелите заклучно со последното одиграно коло пред 12.03.2020 година.

3. Се утврдува дека најдобро рангирана екипа во Кадетска А женска Лига за сезона 2019-2020 заклучно со одиграното 7 Коло е екипата на ЖФК АТЛЕТИКО од Битола.

4. Одлуката стапува на сила веднаш.

5. Одлуката да се објави во службениот лист на ФФМ – МакФудбал.

Честитки и од нас!

Браво ЖФК АТЛЕТИКО