Веќе 6-та година по ред компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола организира необично изненадување за своите дами по повод одбележување на празникот 8ми март. Секоја година, менаџменот и одделот за човечки ресурси не пропуштаат да го одбележат овој ден и да ги потсетат дамите дека секоја од нив е посебна на свој начин и дека во секоја од нив има моќ која може да го промени светот.

Самата прослава на празникот започна на 8ми Март кога во двете кантини во компанијата беа промовирани нови десерти од страна на претставници и специјални готвачи од хрватската компанија „Подравка“ кои промотивно само за вработените на КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ
МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола

подготвуваа на лице место повеќе видови на специјални слатки задоволства од кои секој можеше да си одбере што сака да проба. Баш уникатно и филмски. Компанијата „Подравка“ во соработка со кантината „Де Ниро“ на тој начин ги промовираше новите производи кои наскоро ќе бидат достапни и на македонскиот пазар и токму вработените во компанијата беа првите кои имаа можност да ги вкусат истите. Како голема и неконвенционална компанија,

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Битола и овој пат со задоволство го прифати предизвикот да организира забава за 3200 дами, тоа беше следниот чекор по повод одбележувањето на празникот на жената, а оваа спектакуларна забава се случи на 11. Март во ресторанот „Гранд ПРЕМИЕР“.

Сите претставнички на женскиот пол, од сите градови во Пелагонискиот регион од каде доаѓаат вработените во Кромберг & Шуберт беа пречекани и дарувани со ружи

од страна на менаџерскиот тим на компанијата и посебна група на колеги-џентлмени избрани од повеќе сектори,

избрани да ги изненадат и насмеат дамите , за потоа да уживаат во убавата храна, пијалоците и секако музиката која ја надополнуваше и онака веселата атмосфера.

“Kroschu Girl” беше мотото под кое компанијата ја најави оваа забава со делење на маички на секоја од дамите со што се покажа единството и заедништвото помеѓу сите колеги.

Многу слики, „селфи“ фотографии и честитки за празникот ги „преплавија“ социјалните мрежи па дури и оние кои не присуствуваа на забавата и не работат во компанијата дознаа и посакаа да бидат дел од овој настан.

Повеќе од 3000 жени, дами, девојки, мајки, облечени во исти маички, на исто место…различни возрасти, различни животни приказни, споени во една убавина, сила, енергија и мудрост.

Навистина е инспиративно да се видат сите заедно, насмеани и секогаш спремни да прослават и да се радуваат на животот и секогаш кога треба да продолжат да ги остваруваат сите други улоги кои им ги доделил животот, достоинствено и храбро.

Секоја чест, драги дами! Пример за тоа како треба да се бориме за она што е наше да биде подобро секој ден. Импресиите се големи и има уште многу да се пишува за овие жени.

Уште еден погодок од страна на КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола и добар начин да се покаже позитивен пример за колегијалност и како може едно големо семејство кое секој ден се зголемува и моментално брои над 5800 вработени, да функционира заедно, сложно и сплотено.


Kромберг и Шуберт Македонија Дооел Битола