Преда Плус Фондацијата со уште три успешни приказни од три извонредни жени на третите по ред Womenpreneurs Stories во Битола.
Во опуштена атмосфера и инспирација за поддршка и поттикнување на поголемо учество на жените во светот на бизнисот пред присутните зборуваа: Влора Адеми – основач на стартапот Дигикјуб познат во ИТ секторот, Марина Цигарда – регионален менаџер за продажба на комапнијата АВОН и Јованка Ристевска сопственик на атељеза рачна изработка на накит.
Жените постигнуваат чудесни нешта кога се поддржуваат.
Женското менторство е моќна алатка особено за поттик и развивање на млади жени претприемачи.
Кога жени со поголемо искуство на “одиграни натпревари” им понудат поддршка на младите жени на старт на нивната кариера или при деловни пресвртници, ги охрабруваат и тие тоа да го направат еден ден за други нови жени кои влегуваат во водите на бизнисот. И така позитивните ефекти на менторството за шират.
Дали жените се подготвени за искрена и добронамерна помош една кон друга и дали се меѓусебно солидарни?
Одговорот е ДА, ако жените поседуваат интелектуални капацитети, ако поседуваат личен изграден став за правичност, и имаат состојба на свест во која знаат дека заедно се посилни.
Тоа е и целта на серијата средби Womenpreneurs Stories кои ги организираме со цел да покажеме дека успехот е можен и покрај многу неуспеси и попатни пречки. Ова се средби на кои успешните жени во бизнисот, со несебичен пристап кон успехот на другиот доаѓаат на нашиот ивент да Ве инспирираат.
Заеднички ја пишуваме приказната дека “И од Битола се можи”.
Овие средби се местото каде што се инспирираат жените на успех.
Преда Плус Фондацијата продолжува да го поддржува значењето на активната улога на жените во заедницата, нивното поврзување и заеднички ангажман. Ние иницираме соработка со сите општествени чинители и со компании кои го препознаваат овој потенцијал, со што се прават позитивни промени кои водат до економско јакнење на жените, поттикнување на лидерството во сите области и создавање на општество на еднакви можности.
Настанот е организиран во склоп на Employouth акцелераторската програма за стартапи, финасиски поддржано од Европскара Унија преку Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција во реализација на Преда Плус Фондацијата.