Жан Кошир (р. 11.04.1984 г. Крањ Словенија) е словенечки сноубордер кој ја претставуваше Словенија на Зимските олимписки игри 2010г. каде заврши 6-ти во паралелен велеслалом.

На Зимските олимписки игри 2014 година, Кошир освои сребрен и бронзен медал во две дисциплини, победувајќи го Патрик Буслер од Германија во трката за бронзени медали. 2018 брозен медал на Олимписките игри во Пјонгјанг во дисциплината Паралел веле слалом каде за една милистотинка не успеа да се бори за златен медал . Неколку пати и светски FIS првак , беше гостин во Шумски Фенери и одблиску ја запозна убавината на Баба Планина и Пелистер.

Официјален фб профил на Жан. Кликнете за видеото

Фасциниран од планината, од бордањето со поглед кон Преспанското езеро, длабокиот снег и е жално што ние Македонците многу малку користиме од потенцијалот кој го нуди Пелистер . Според него пределот под Антена над Широка е место каде слободно може да се одржува Светски куп во скијање и сноубординг.

Презадоволен од гостопримството, храната и вниманието кое му го овозможија домаќините, Жан се заблагодари за убавиот викенд и македонско гостопримство кое му остави голем впечаток и ќе го пренеси во неговата родна Словенија. Со еден збор се гледаме повторно во првата прилика… ни прераскажаа од Шумски Фенери, каде тој беше гостин.

За наредниот пат вети дека ќе ја донесе и Естер Ледечка, Чехиња и светска олимписка шампионка во скијање и сноубординг, со која во следната сезона заедно ќе бидат гости на истото место во пазувите на нашата бела убавица.