Мал семеен хотел кој се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер во еден од најстарите паркови на Балканот со површина од 17.150 хектари – на надморска височина од 927 до 2601 метри. Хотелот Шумски Фенери е на 4 км од градот Битола и 25 километри од грчката граница. Заштитен знак на Пелистер се јасната изворска вода и реки, каде што може да се види и Пелагонија, водопади и глацијалните планински езера – Големото и Малото, исто така познати како Пелистерски Очи. Фантастичните планински предели и чистиот воздух од тука обезбедува живописна позадина за релаксирачки одмор дизајниран специјално за да одговара на вашите потреби.

Хотелот има 17 удобни и ексклузивни соби 4 се погодни за семејства или групи, 9 двокреветни и трокреветни соби и 4 еднокреветни соби, сите индивидуално опремени со сателитска ТВ, седење, фрижидер, и бања со фен, централно греење и клима-уред. Сите тие обезбедуваат врвен поглед на долината и на градот или на планината.

Сите простории беа делумно реновирани во 2012 година и тоа заврши пролетта 2013 година. Хотелот е отворен нонстоп во текот на летото и зимата и плени со својата местоположба, како и ефикасноста обликувана од квалитет.

Во ресторанот, постои камин кој е совршено место да прочитате некоја возбудлива книга, сурфате на интернет или само да уживате во вашиот оброк.

Како е добиено впечатливото име Шумски Фенери?

Хотелот е основан во 1988 година и годинава има 30 годишен јубилеј. Далечната ’88 на Радио Битола имаше повик за име на новиот хотел со награда вечера за двајца. Од испратените 305 предлози се прифати името Шумски Фенери, кој бил предлог на тогаш единаесет годишниот Давор Наумовски Дацо од Битола. Така и заеднички целата фамилија добија вечера за четворица.

Атмосферата на семејството може да се почувствува во секој агол од овај хотел и се што се прави е само за гостите да се чувствуваат среќни иако се далеку од дома.

На утро од сопствениците добивате домашен појадок, со планински мед, домашен мармалад и голем омлет, сѐ до вечерта кога ќе уживате или на нашата летна тераса или во текот на зимскиот период до каминот.
Оние кои биле еднаш се вратиле повторно.

Тука имаат престојувано најголемите филмски светски имиња

Во текот на 2000 година и снимањето на легендарниот филм на Минчо Манчевски “Прашина”, околу два месеци во хотелот престојуваа познатите Џозев Фајнс, Дејвид Венам од познатата трилогија Господарот на Прстените и Адријан Лестер. Како нивна тајна гостинка беше и светски познатата манекенка, црномурестата Наоми Кемпбел.
Од нив хотелот доби и подарок кој е поставен на највидното и заслужено место. Тоа беа вистински денови за паметење, со згоди и незгоди за кои ни требаат денови за пишување 🙂

Благодарност до Шумски Фенери од Џозев, Дејвид и Адријан

Скоро сите македонски претседатели и амбасадори биле редовни гости во хотелот и големи љубители на националната кујна

Освен Борис Трајковски, сите претседатели на Р.Македонија тука имаат престојувано, од Ѓорги Иванов, Бранко Црвенковски, Киро Глигоров, па сите амбасадори кои се присутни на територијата на нашата земја како и други големи претставници од дипломатскиот кор како Ерван Фуере, претседателот Илир Мета и многу др.

Тука престојот на вашето семејство ќе биди незаборавен и секогаш ќе бидете добредојдени.

Ресторанот нуди пријатен амбиент со извонредно гостопримство, во комбинација со одлична храна, национална кујна и избор на пијалоци, кој ќе ве инспирира. Таму можете да најдете соодветна атмосфера за романтична вечера или мала прослава. Од пролет до есен терасата е отворена секој ден, кога дозволуваат временските услови.

Гостите можат да седат надвор на сончевата тераса и да уживаат во прекрасната глетка на природата, убавата градина и цвеќињата со прекрасни кулинарски искуства, лезетски да си го пијат своето кафе со звукот на дивите славејчиња.

Хотел Шумски Фенери нуди храна и пијалаци, угостителски услуги за различни социјални и фамилијарни настани – свадби и годишнини, детски родендени и крштевки, коктели и корпоративни годишнини. Има најразлични менија кои одговараат на секој буџет и настан.

Тука во секое време можете да ги добиете познатите џип тури околу Пелистер и Пелистерските Езера, возење со велосипед (mountbiking), пешачење (hiking) на целиот предел од Баба планина се до Преспанско Езеро како и бордање (snowboarding) за време на зимскиот период…

Бидете и вие еден дел од убавиот амбиент. Искористете ги услугите и благодетите кои ги нуди хотелот во сооднос со природата, будејќи се во утринските часови со примамливиот и чист пелистерски воздух кој ја прочешлува моликовата смола. Искусете ги природните и домашни специјалитети, сирење, ракија и вино, домашен ајвар и мед.

Почуствувајте го тоа кое го доживеале и големите ѕвезди кое го раскажуваат надалеку во светот…

Повелете тука во рајот на Пелистер, каде светлината на моликовата приквечерина е разлеана од Шумските Фенери над Битола…

еден коментар

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here