Како дел од панел дискусијата во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на тема “Регулирањето на процесот на градење во градските јадра прогласени за споменички целини”, се оддржа и изложба на фотографии од архитектонското наследство на Битола.
Целта е да се прикаже состојбата на културното наследство кое пред очи го губиме, додека државата само формално го заштитува преку регулативите.
Ваквиот пасивен однос кон ова богатство придонесува кон трајно губење на историските траги кои значат идентитет на просторот. Изложбата апелира на соочување со вистината која ја покажува алармантноста на состојбата. Потребни се итни делувања преку изработка на проекти за конзервација и реставрација, изнаоѓање на фондови и средства за нивна реализација.
Извор и повеќе од изложбата кај нашите пријатели и соработници МАРХ