Денес бевме да видиме на каква мака се изложени животните во ЗОО Битола, имаше што да видиме. Едно живеалиште немаше сменета вода, а при тоа и беше замрзната, едно живеалиште не беше исчистено и средено како што треба.

Кај морските прасина има скапани умрени морски прасенца кои не се тргнати од живеалиштето, а притоа се загрозени животите и на другите животни околу нив.

Мечето бараше да му дадеме трева бидејки нема што да јади, а и нема од каде да пие вода бидејки целата беше замрзната…

… е само дел од констатацијата на Здружението за грижа и нега на животните Animal rescue & care Paw Animalis Bitola објавено на нивната фејсбук страна.

Апел до надлежните за брза реакција и подобрување на условите на сите животни кои се сместени во битолската ЗОО градина.

Фотографии од нивната фејсбук страна ТУКА