ОД ДЕНЕС ЗАБРАНА ЗА ЛОВ НА ПАСТРМКА ВО СТРЕЖЕВО, ЌЕ ТРАЕ ДО КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ

од • October 1, 2026 • 0 коментари

Од денес, 1 октомври 2026 година, започнува забраната за лов на пастрмка во акумулацијата „Стрежево“, која ќе трае до 31 јануари 2027 година, информираат од ЈП „Стрежево“.

Според претпријатието, забраната е пропишана со Риболовната основа за акумулацијата и има цел да ја заштити пастрмката во периодот на природна репродукција, како и да обезбеди услови за одржување и унапредување на рибниот фонд.

Од ЈП „Стрежево“ апелираат до сите рекреативни риболовци доследно да ја почитуваат забраната и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на природното богатство на акумулацијата.

Babam Bitola

Comments are closed.